Стоп за Фејсбук!
Објавено: 21 февруари, 2013, во 08:44 часот
Кога ќе го вклучите компјутерот прво нешто што правите е проверка на вашиот Фејсбук профил?
Кој, каде, со кого, зошто … Ви се чини дека без Фејсбук не сте го ’проживеале’ денот, бидејќи ’она што не е на Фејс, како и да не се случило’.
Ако спаѓате во оваа категорија, еве нешто за што би требало да размислите. Еве пет многу добри причини зошто треба да го “исклучите” профилот.
1. Фејсбук зависност
Истражувањето спроведено на Универзитетот Готенберг во Шведска покажало како 70 отсто од испитаниците прво отвораат Фејсбук кога ќе го вклучат компјутерот, што претставува зависност.
Кога станува збор за родовите разлики, жените на Фејсбук се поактивни отколку мажите. Во просек секоја жена на Фејсбук поминува 81 минута дневно, додека посилниот пол поминува “само” 64 минути.
2. Предизвикува депресија кај луѓето
Истражувањето спроведено во Германија покажало дека Фејс е виновник за депресијата кај многу луѓе. Имено, гледајќи ги туѓите фотографии од разни патувања, читајки статуси за среќни љубовни врски или успеси во работата, корисниците на кои едноставно не им оди во тој план се чувствуваат мизерно, љубоморно и на крајот – депресивно.
3. Ве поттикнува да јадете брза храна
Ако сте во ситуација во која се борите со вишок килограми, седењето на компјутер секако не е добра идеја. “Висејќи” на Фејсбук јадете се што ќе најдете при рака, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот Колумбија.
4. Може да биде алатка со која другите ве контролираат односно пратат сè што правите, и ги користат вашите податоци за свои цели
Ако се грижите за вашата приватност, тогаш ова е една добра причина да го напуштите Фејсбук, бидејќи оваа социјална мрежа е идеална за “шпионирање”. Вие тоа најдобро го знаете, и самите се бавите со тоа, нели?
5. Фејсбук често е причина за одложување на работата
Дали сте се нашле во ситуација кога немате брзина да извршите некоја задача, а вие ’висите’ на Фејсбук и никако да тргнете во реализација. Исклучете го вашиот профил, и ќе имате повеќе време за се, ќе бидете побрзи и многу поефикасни, и вашиот шеф секако тоа ќе го забележи.
