Од родниот Велес започнува SILVER NIGHT: ARLEN ја отвора новата концертна турнеја на 31 октомври
Објавено: 25 септември, 2026, во 10:03 часот
ARLEN ја започнува турнејата SILVER NIGHT токму од родниот Велес. На 31 октомври, Велес ќе биде првата станица на новата концертна турнеја SILVER NIGHT на ARLEN — современ музички спектакл што ги спојува пијаното, камерниот оркестар, електронскиот звук и сценскиот перформанс во едно целовечерно искуство.
Изборот турнејата да започне токму во Велес не е случаен. Андријана Арлен е родена во Велес, а првата вечер од SILVER NIGHT ќе биде нејзино музичко враќање на местото од каде што започнува нејзината лична приказна.
За ARLEN, концертот во Велес ќе има посебна емоција — првата публика што ќе го доживее целиот концепт на SILVER NIGHT ќе биде токму публиката во нејзиниот роден град.
На сцената со неа ќе настапат камерен оркестар, вокал, саксофон, DJ и танцов перформанс, во продукција создадена музиката да се почувствува не само преку звукот, туку и преку светлото, движењето и целокупната сценска атмосфера.

Концептот на SILVER NIGHT е изграден околу љубовта како главна емоција — од најнежните до најинтензивните моменти. Програмата носи современ crossover пристап, во кој класичниот звук се среќава со модерни ритми, сценска енергија и силна визуелна продукција.
Токму затоа првиот концерт носи и дополнителна симболика: една нова музичка приказна започнува таму каде што започнала и приказната на ARLEN.
ARLEN – SILVER NIGHT
31 октомври | Велес
Повеќе информации за локацијата и продажбата на билети ќе бидат објавени наскоро.
Дума.мк
