Тепачка за говорница !
Циркус од подамна се случува во Комисијата за финансии и буџет, а врвот се достигна денеска.
Некои пратеници по се изгледа парламентот го разбираат како пазар или панаѓур. Пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија додека на говорница имаше збор Јани Макрадули си застана до него и си стоеше половина час, прекинувајќи го во говорот.
Јани Макрдаули укажа дека со однесувањето, ВМРО-ДПМНЕ сака да го урне Собранието, а нагласи и дека во парламентот се водела борба за граѓаните на Република Македонија.
Претеничката Авировиќ , стана и не дозволуваше да продолжи дебатата бидејќи требало да се почека министерот за финансии. На што претседавачот објасни дека Ставревски знаел дека седницата ќе почне но не дошол. За власта , дебата без претставник од Владата не е според Деловникот. Oпозицијата извикувaше „Лопови, лопови“ и прашуваше зошто и за Законот за бранителите не се барале овие услови. Пратениците од власта тропаа по масите и не дозволуваа да се говори.
Според Макрадули ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ не бил за прв пат бидејќи и друг пат блокирале носење на буџет, а и други закони кога во собрание влегоа со транспаренти и барабани, а Никола Груевски му ја зема картичката на тогашниот претседател Љупчо Јордановски.