Ракометарките спремни, фалангата ја нема!
Македонските ракометарки ќе се натпреваруваат во Б групата, каде за противнички ќе ги имаат селекциите на Франција, Данска и Шведска.
Натпреварите во групата ќе ги отвори против Франција, која според сите прогнози е фаворит број 1 во оваа група и еден од фаворитите за медал на континенталното првенство.
На неколку часа до почетокот на натпреварот низ градот се забележливи малубројни навивачи облечени во ‘црвено-жолта’ комбинација.
Не се чуствува ракометната еуфорија како што сите ја очекуваа, ниту приближна сенка од она што го доживеавме изминатата година во јануари, на ЕП кога играше машката репрезентација.
Пред мечот со француската селекција, во ‘црвено-жолтиот’ табор владее позитивна атмосфера и оптимизам дека ќе може да се забележи позитивен резултат.
Првиот натпревар Македонија-Франција ќе започне во 18:15 часот, а потоа на теренот ќе излезат скандинавските ривалки, ракометарките на Данска и Шведска.
За пласман во втората рунда на избраничките на селекторот Гино Стрезовски ќе им биде потребна барем една победа.