Охрид под снег!
Објавено на 4 декември, 2012 во 09:35
Охрид доби лик од зимска бајка. Првиот снег кој од ненадеж почна да паѓа за некого радост, за некого грижа.
Многумина се израдуваа кога синоќа почнаа да веат првите снегулки.Најбројни секако беа децата кои истрчаа на улица со надеж да ја направат првата лизгалка, јави Lihnid.com.
Поради обилни врнежи од снег вчера попладне за сообраќај на тешки товарни возил е затворен патот Маврово – Дебар. Снег е забележан на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража, но засега сообраќајот се одвива без забрани.