Опасни навики кои му штетат на вашето здравје!
Дали знаевте дека два часа седење во автомобил е многу полошо за половината отколку осум часа седење во канцеларија? Не се опуштајте во непотребен ризик и дознајте што се може да ви остави доживотен печат на вашето тело…
1. Слабо движење
Слабата циркулација која најчесто се јавува како последица од недостатокот на физичка активност доведува до затнување на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од мозочен удар. Доколку секојдневно пешачиме барем 20 минути или три часа еднаш неделно, тој ризик ќе се преполови.
2. Премногу алкохол
Алкохолот му штети на телото, тоа сите го знаеме. Третата чаша вино или пиво значително го оптоваруваат црниот дроб, додека следната чаша создава уште поголеми проблеми. Ако сакате да го зачувате здравјето, избегнувајте ја консумацијата на алкохол.
3. Цигари
Пушењето доведува до намалување на крвните садови, а со самото тоа и до појава на хипертензија. Отровите од цигарите ја попречуваат способноста за раст и регенерација на коскеното ткиво, што подоцна може да доведе до остеопороза. И по 7 години откако ќе престанете со пушење, Вашето тело сеуште ќе ги исфрлува отровите кои што се насобрани во организмот.
4. Оптеретен ’рбетен столб
‘Рбетниот столб го „памети“ секое преоптеретување. Два часа во автомобил се полоши отколку осум часа во канцеларија, бидејќи во канцеларијата одвреме навреме можете да ги протегнете нозете и кичмата. ’Рбетниот столб е особено осетлив во долниот дел. Секогаш кога можете, правете вежби за зајакнување на грбните мускули.
5. Премногу месо
Секојдневното консумирање на месо и месни производи не е здраво. Докажано е дека заситените животински масти во текот на разградувањето во нашиот организам создаваат супстанци кои ја зголемуваат опасноста од појава на кардиоваскуларни болести. За почеток, изберете еден ден од неделата кога воопшто нема да јадете месни производи.
6. Премалку течности
Колку течност дневно внесувате во организмот? Малку? Ако не сте знаеле, стручњаците имаат докажано дека 8 чаши течност на ден се неопходни за нормално функционирање на организмот. Тие чаши не мора да бидат само вода, пијте природни сокови, јогурт, млеко, чај.