Изложбата на велешкиот Архив во Демир Капија

Објавено на 27 ноември, 2012 во 10:19

Државниот архив на Македонија оделението во  Велес во изложбениот простор на Музеј Демир Капија ја постави изложбата“Вардарскиот регион низ документи“.

На отворањето директор на државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски, рече дека  тоа е всушност документирана едукативна изложба која сведочи за историските процеси што се случувале во Вардарскиот регион  се до 1991 година.

На триесеттина паноа претставени се фотографии и документи од високо историско значење за општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Гевгелија. На дел од нив низ документите и фотографиите прикажана е голготата на бегалците од егејскиот дел на Македонија.

-„Изложбата има едукативно значење и истовремено претставува високо кодирана порака за идентитетот на Македонците во последните 200 години“, изјави авторот Слободан Ников,раководител на одделението на Државниот Архив во Велес.

Изложбата е поставена по повод  меѓународната конференција за туризам чиј организатор е општина Демир Капија. Граѓаните ќе можат да ја разгледаат во наредните 15 дена откако веќе ја видоа велешани, кавадарчани и неготинци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.