Социјално загрозените ќе читаат без пари
Објавено на 5 ноември, 2012 во 15:41
На сите социјално загрозени лица, љубители на пишаниот збор, градската библиотека “Феткин“ од Кавадарци им излезе во пресрет.
Од денеска им овозможува без пари да читаат. Корисниците на социјална помош сега се ослободени од плаќање членарина во библиотеката.
Од кавадаречката библиотека велат дека овие лица при зачленување потребно е со себе да ја понесат и потврдата од Министерството за труд и социјална политика како доказ дека се корисници на социјална помош.
“Феткин“ очекува зголемен број на читатели од оваа категорија на граѓани.
“На овој начин библиотеката ги отвора вратите за своите читатели кои не се во можност да платат. Ќе можат да изнајмуваат книги но и да ги користат интернет услугите во библиотеката,“ велат од “Феткин“.