На кислородна поддршка половина од болничките ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 13 мај, 2021 во 14:58
ЈЗУ Општа болница Велес

На двете одделенија и во Модуларна болница денеска вкупно се хоспитализирани 49 ковид болни. Од нив  37 се потврдено позитивни, тројца се сомнителни  и девет пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.

На Инфективно  одделени се лекуваат 26,  во Модуларна болница 17 и на Интерно одделение шест ковид болни.

 На кислородна поддршка се 26 пациенти

Од Општа болница Велес денеска испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Убавја Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.