Само 37 ковид болни во велешка болница, две третини на кислородна поддршка

Објавено на 15 мај, 2021 во 15:14
ЈЗУ Општа болница Велес

Во Општа болница Велес денеска вкупно хоспитализирани се 37 ковид пациенти. Од нив  23 се потврдено позитивни, двајца сомнителни  и 12 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На Инфективно одделение се лекуваат 17, во Модуларна болница 15 и на Интерно одделение пет пациенти.

Триесет проценти од нив или вкупно 20 се на кислородна поддршка.

Денеска од болничко лекување испишани се осум пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

Во текот на вчерашниот ден од велешка болница транспортирана е 54 годишна пациентка, позитивна на Ковид 19,  на Инфективна Клиника во Скопје. Жената е на 54 годишна возраст.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.