ИЈЗ: За една недела бројот на нови случаи на ковид-19 намален за 48,3%
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај се регистрирани 674 нови позитивни случаи на ковид-19 од 31 град во државата што претставува намалување од 48,3% во однос на претходната недела.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19.
Заклучно со 16.05.2021 вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.