Ковачевски: И да има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално
Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски очекува дека ќе нема промени во цената или зголемувањето ќe биде минимално на електричната енергија, за да не предизвика ценовен шок ниту за граѓаните, ниту за индустријата.
„Се надевам и очекувам цената да нема промени во нашиот дел како ЕСМ, иако ние учествуваме со нешто околу 40 % од вкупната цена на енергија кон крајните потрошувачи“,Ковачевски.
Тој смета дека повторно ќе успеат да ја стабилизираат цената, односно да нема зголемување, а ако има, евентуално да биде минимално, во фактор на корекции.
„Најважно ни е да нема ценовни шокови кон граѓаните, меѓутоа знаете дека струјата произведува и ценовни шокови кон индустријата, производството итн и се ќе направиме за да ја стабилизираме“, додава Ковачевски.
Регулаторна веќе ги анализира пресметките од енергетските компании. Но таа може да влијае само на 38 проценти од пазарот – на 58 нема влијание.
Последното покачување од 7,4% беше лани во август, а со него граѓаните сега плаќаат по 5,95 денари за киловат час во висока тарифа.