Дете во Велес, управувајќи велосипед удри во ѕид и тешко се повреди
Во сообраќајната незгода 12 годишното дете од Велес, управувајќи велосипед удрило во потпорен ѕид од куќа и се здобило со тешки телесни повреди. Итната медициска помош интервенирала и повреденото дете го пренела во Општа болница Велес. Примено е на хирушкото одделение каде се направени потребни прегледи.
– Детето беше донесено во не контактабилна тешка здравствена состојба, со сериозна повреда на главата. По направените прегледи лекари специјалисти од Хирушкото одделение и анестезиолози направија интубирање и пациентот веднаш, како итен случај, е транспортиран на Клиника „Карил“ во Скопје, рече д-р Елеонора Јованова, потпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Сообраќајната незгода се случила вчера, околу 18:45 часот, на крстосницата на улиците „Богдан Каракостев“ и „Ѓорѓи Димитров“ во Велес. Увид на местото на незгодата, извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес и известен бил Јавен обвинител за подрачјето на Општина Велес.
Резултатите од увидот ќе ги покажат причините кои ја предизвикале незгодата во која со сериозни повреди се здоби 12 годишното дете.
Стефани Манева