Премиера на претставата „Четири соби“ во велешкиот театар
Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес, премиерно ќе ја изведе претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Ова е прва премиера од сезоната 2021 – „Да се почне одново“ и е работена според мотиви од сценариото на истоимениот културен филм од 1995 година.
Улогите во претставата ги толкуваат Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов. Сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал и изборот на музиката е на Сашко Костов.
Реализацијата на претставата ќе се одвива според Протоколите за работа во време на Ковид-19 за сите посетители. Претставата премиерно ќе биде изведена во четврток, 27 мај, со почеток во 20 часот на големата сцена. Првата реприза на претставата е на реперторот на театарот во сабота, 29 мај во 20 часот.
Стефани Манева