Заев: Со членството во НАТО не сме повеќе сами
Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник ниту изолирана од светот, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ на полигонот „Криволак“. Таму се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.
-Горд сум на нашата Армија, на нашите офицери и војници на нивната желба за усовршување и унапредување. Тие ги исполнуваат сите обврски и очекувања на достоинствен начин и на највисоко ниво рамо до рамо со нашите сојузници не само дома, туку и со учество во меѓународните мисии со кои се гарантира мирот во светот. Со членството во НАТО не сме повеќе сами. С Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена ниту ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Како дел од моќното НАТО-семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, додаде Заев.