Нема нови, испишани тројца ковид болни од велешка болница
Објавено: 1 јуни, 2021, во 11:33 часот
Во Општа болница Велес, хоспитализирани се само девет ковид пациенти од кои тројца потврдени позитивни и шест со негативен тест но задржани на болничко лекување. Од болничките пациенти четворица се на кислородна поддршка.
Во текот на денешниот ден испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
На Инфективно одделение се лекуваат тројца и на Интерно одделение шест ковид пациенти.
Стефани Манева


