Едноцифрен број на ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 7 јуни, 2021 во 11:08
Во Општа болница Велес, хоспитализирани се девет ковид пациенти. Од нив, двајца се потврдени позитивни, еден сомнителен и шест се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти.
Во текот на вчерашниот ден, 76 годишен пациент е транспортиран во ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца и на Интерно одделение седум.
Стефани Манева