Туристите од Србија и Турција ќе имаат бесплатен паркинг во Охрид
Советот на Општина Охрид донесе одлука за време на оваа сезона туристите од Србија и од Турција што ќе летуваат во градот да бидат ослободени од наплатата за паркирање.
Станува збор за одлука што ја најави градоначалникот на Охрид,Константин Георгиески, за време на неговата посета на Белград, а како благодарност до Република Србија за поддршката на државата во процесот на имунизација на македонските граѓани против Ковид-19.
Согласно одлуката, сите туристи што во Охрид ќе пристигнат со сопствени возила, а се со регистарски таблички од Србија односно Турција нема да плаќаат паркирање на јавните површини и паркиралишта во градот со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори”. За туристите од Србија претходно беше најавено дека ќе бидат ослободени и од наплата на влез во повеќе културно-историски локалитети и објекти во Охрид.