Забрана за движење низ шумите од 6 до 20 часот
Објавено на 2 јули, 2021 во 09:41
Oд денес се воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопштија од јавното претпријатие „Национални шуми“.
Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.