Наскоро, фототипно издание на стихозбирката  „БЕЛИ МУГРИ“ од Кочо Рацин

Објавено на 2 јуни, 2025 во 09:05

На иницијатива и со помош на Академик Горан Калоѓера, еминентен македонист од Хрватска и голем пријател на Македонија, автор на 25 македонистички книги, од кои две книги за Кочо Рацин, ќе биде издадено фототипно издание на култната книга во македонската литература „Бели мугри“ на Кочо Рацин.

Фото: Архива на Дума.мк – Академик Горан Калоѓера

На барање на Академик Калоѓера, примероци од книгата ќе се делат бесплатно. Предност ќе имаат соработниците на Калоѓера и библиотеките, училиштата, културните установи како и соработниците на „Македоника литера“.

Тиражот е ограничен на 400 примероци, колкав што бил тиражот на оригиналното издание.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.