Бројот на жртви од невремето во Германија се искачи на 93
Објавено на 16 јули, 2021 во 12:05
Во поплавите што неделава ја погодија Германија загинаа најмалку 93 лица, откако властите во Северна Рајна – Весфалија пријавија поголем број жртви.
Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека немаат информации за повеќе од илјада луѓе.
-Во моментов претпоставуваме дека има околу 1.300 исчезнати лица. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат“, се вели во соопштението на службата.