Во изминатото деноноќие пријавени две тепачки во Велес и една во Кавадарци
Според Сектор за внатрешни работи Велес, во изминатите 24 часа пријавени се вкупно три тепачки. Дваесет и осум годиншната А.Т го натепала 43 годишниот маж со кој живеела во вонбрачна заедница.
Вчера попладне се случила втората тепачка помеѓу брат и сестра, што започнала со вербална расправија а завршила со тоа што М.Д (26) физички ја нападнат три години помладата сестра.
Два часа откако била натепана 26 годишна жена го пријавила во полициската станица во Кавадарци својот поранешен сопруг. Оваа тепачка се случила вчера околу 15:45 минути.
По целосно документрање на трите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
Инаку во текот на вчерашниот ден за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се седум лица во Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци.
Стефани Манева