3.000 евра казна за запалена депонија во Велес
„Државниот инспектор за животна средина, вчера, изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот. По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови, дневно прекривање со земја и 24 часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад“, пишува во пост на фејсбук страницата на државниот еколошки инспекторат .
Од таму најавуваат дека продолжуваат со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде кадешто комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.
Исто така, Инспекторатот, ги известува сите потенцијални загадувачи дека повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции.
„Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух,“ пишува во објавата на ДИЖС.
Убавка Јаневска