Почина велешанец позитивен на ковид-19

Објавено на 11 август, 2021 во 14:21
ЈЗУ Општа болница Велес

По тринаесет дневно лекување во велешката болница, почина маж на 65 годишна возраст како последница од ковид-19.

Според портпаролката на Општа болница Велес  Д-р Елеонора Јованова, на Инфективно одделение се лекуваат тројца пациенти, сите позитивни на коронавирусот. Од болничките пациенти еден е на кислородна поддршка.

Од велешката болница испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.