Девет нови случаи на заболени од Ковид -19 и двајца оздравени во Велес
На инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 8 пациенти. Седум од нив се потврдени позитивни и 1 пациент е сомнителен.
Од вклупниот број на хоспитализирани на кислородна поддршка се 3 пациенти, соопшти портпаролката на болницата д-р Елеонора Јованова.
Според Министерството за здравство и согласно податоците од Институтот за јавно здравје денеска во Велес има нови 9 случаи на заболени и тројца оздравени. Со нив бројот на активни случаи се искачи на 42 додека вкупниот број на 5521 заболени и излекувани граѓани и граѓанки.
Ковид-19 статистиката покажа дека во последните 24 часа кога се направени 9.270 тестирањa регистрирани се 792 нови случаи. И тоа :
Скопје – 245, Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар – по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево – по 5, Кавадарци и Виница – по 4, Свети Николе и Берово – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 104 оздравени пациенти од: Скопје – 31, Тетово – 26, Гостивар – 16, Куманово – 8, Кичево, Струмица и Берово – по 3, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци и Пехчево – по 2, Битола, Радовиш, Прилеп и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Гостивар (44г, 65г, 69 и 74г), 3 од Скопје (33г,71г и 83г), 2 од Тетово (67г и 84г) и едно починато лице од Куманово (60г). Сите се починати во болнички услови.
Убавка Јаневска