Дури и најмал стрес е ризик за вашето здравје, еве како можете да се справите со него
СИМПТОМИ
-Физичките симптоми може да бидат главоболка, замор, несоница, проблеми со варењето, болки во грбот или вратот, губење на апетитот или прејадување.
-Психолошки симпоми може да бидат напнатост или анксиозност, лутина , потреба за осамување, песимизам, нерасположеност, зголемена нервоза, цинизам и неспособност за концентрација или вршење на работите на вообичаено ниво.
ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР
– Ако овие симпоми траат долго или се акутни . Преголемиот стрес ве изложува на опасност од други сериозни болести, како што се нарушување на имонолошкиот систем , нарушувања на варењето, дијабетес, астма, висок крвен притисок, мигрената и евентуално рак.
-Ако ги имате симтомите на стрес или што било од следното: невообичаен ритам на спиење, апетит и расположение, физички движења кои се необично возбудени или абнормални бавни. Можеби сте заболени од клиничка депресија.
ПРИЧИНИТЕЛИ
-До стрес доаѓа кога постои нарушување на рамнотежата меѓу барањата што ги поставува животот и нашата способност да се соочиме со нив .
-Одредени занимања се многу стресни, особено работењето на подвижна лента или работа која бара манипулација со опасна опрема. Настаните и состојбите со кои тешко се соочуваме , по правило, предизвикува стрес : премор на работа, парични проблеми, губењето на сигурноста или заканата од губење на сигурноста, смртни случаи или развод.
– Позитивните искуства како што се венчавка или подобро работно место, можат исто така да бидат стресни. Другите причини се лични: болест, осаменост, болка или емоцијален судир. Последиците од таквите промени, големи и мали, меѓусебно се собираат. Можеме да подесеме само одредено количество стрес во одреден временски период.
ЛЕКУВАЊЕ
-Со стресот не мора да се борите сами. Психологот, психијатарот, свештеникот или пријателот можата да ви помогнат да го препознаете или да го решите проблемот.
-Може да се лечи со Конвенционална медицина и Алтернативен начин на лекување.
Следува продолжение за начинот на лекување, не пропуштајте.
Божана Ќулавкова