Уште три дена до крајот на пописот, попишани 1.540.301 лице
Објавено на 27 септември, 2021 во 09:51
Денеска е дваесет и трети ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.
Заклучно до вчера попишани се вкупно 1.540.301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197.033 граѓани од дијаспората.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни.