Трите нови производи на медопроизводителот Најдовски од Велес, уникатни пријатели на имунолошкиот систем
Во услови на климатски промени, секоја година, во државата има се помалку производи. Градинарите, овоштарите и медарите ко се иноватвни се борат на пазарите дома и во странство да продадат производи со висок квалитет. Дел од нив успеваат и со производи со додадена вредност. По пат на синергија познатиот велешки и македонски медопроизводител Благојче Најдовски веќе практикува на своите традиционално произведени количини на мед да им даде додадена вредност преку произведените количини на путер од лешници со мед, од бадеми со мед и кикирики со мед.
– Последниве 15 години Македонија е под влијание на климатските промени, топлиот бран доаѓа од југот и имаме се помали количини на мед. Медопроизводителите планираат да се откажат од производството затоа што немаат добивка.Затоа за да имаш поголеми количини на мед или треба да имаш повеќе пчели или на медот да му дадеш додадена вредност со локални производи со кои ќе биде поскап а од друга страна луѓето ќе го препознаат како квалитет и ќе го купат. Јас, како оператор за храна, имајќи ги во предвид вложувањата на државата во храна како што впрочем го прават и останати земјоделски производители во делот на продажби на своите производи на манифестации или од куќен праг го правам тоа. Од куќен праг можеш тоа да го правиш еднаш и не смееш да продадеш не квалитетен производ. На манифестации учествуваш и продаваш повеќекратно. За да го имаш постојано интересот на купувачите, освен квалитетот на основниот производ во случајов мед јас додавам путер, лешници, бадеми и кикирики. Така создавам нови производи за кои навистина постои интерес, особено кога се излага и продава на манифестации, рече Најдовски.
Тоа што е особено значајно за неговите три нови производи како путер од лешници со мед, од бадеми со мед и кикирики со мед е што тие не можат да се произведат во домашни услови. Според граѓаните што веќе ги пробале станува збор за исклучително квалитетни производи и засега уникатни на македонскиот пазар. Тоа што е нивна главна карактеристика е што се специјалитети кои се пријатели на имунолошкиот систем.
Убавка Јаневска