Закани на Фејсбук до кандидат за градоначалник на Прилеп, МВР со кривична пријава
МВР информира дека жител на Прилеп му се заканувал на кандидат за градоначалник на општината.
-СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик, велат од полицијата.
Според нив, на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук“ едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство. Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.