Ве советуваме што треба да знаете за дијабетесот (ФОТО и Аудио)

Објавено на 12 октомври, 2021 во 10:51

Постојат два видови на дијабетес:

  • ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 тој се нарекува и инсулин зависен дијабетес или младешки дијабетес или шеќерна болест која се јавува на млада возраст и истиот е последица на недостаток на инсулин.
  • ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 познат како инсулин независен дијабетес. Истиот се јавува кај возрасни луѓе, или стабилна шекерна болест како последица на неспособноста на организмот делотворно да го преработи тој хормон. Околу 90%  од сите дијабетичари го имаат овој облик на болеста.

Совети

Без оглед каков вид на шеќер имате морате да дејствувате во тесна соработка со лекар управуваќи со својата исхрана, лековите и активностите секој ден.

Најважно е да запомните дека морате да внимавате на нивото на шеќерот во крвта секој ден за да спречите хипогликемија , кај која нивото на шеќерот е пренизок за да се задоволат потребите на вашиот организам со енергија.

Хипогликемијата се појавува најчесто кај заболените од дијабетес тип 1 ако не примаат соодветни дополнителни количества инсулин, а во организмот им се развила голема глад за изворите на енергија.

Ако сте дијабетичар, особено внимавајте на знаците што предупредуваат  на кетоацидоза: мачнина, прекумерна жед, често мокрење, крајна премореност, болки во стомакот и забрзано дишење.

Невозможноста за брзо реагирање на инјекции со инсулин и интравенско давање солени раствори можат да доведат до кома или смрт.

Долгогодишните компликации на дијабетесот можат да ги оштетат очите , нервниот систем, бубрезите, срцето и крвните садови, но и да ја ослабат вкупната отпорност на организмот на инфекции.

Божана Ќулавкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.