Сончево со умерена облачност и потопло
Објавено: 3 ноември, 2021, во 09:23 часот
Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.


