Грејпфрутот го намалува шекерот во крвта и холестеролот (АУДИО)
Грејпфрутот со средна големина содржи околу 35мг витамин Ц, што е рециси 100% од препорачаното дневно количество за возрасни и 150 мг калиум.
Грејпфрутот е полн со пектин, растворливо влакно кое го намалува шеќерот во крвта и холестеролот и го запира напредувањето на артериосклерозата.
Пектинот приднесува и за долготрајно чувство и ситост и спречува прејадувања при следниот оброк. Најновата студија открила дека со јадење половина грејпфрут пред секој оброк, три пати дневно, се губат просечно 1,6 кгр за 12 недели.
Лековити својства
И жолтиот и црвениот грејпфрут го намалуваат нивото на лошиот холестерол, а црвените сорти го намалуваат и нивото на триглицериди.
Црвените сорти изобилуваат со бета-каратенот ликопен, кој телото го претвара во витамин А. Полни се и со ликопен, антиоксидант со антитуморни својства. Истражувањата покажуваат дека со редовно внесување намирници богати со ликопен и со конзумирање зелен чај значително се намалува ризикот од рак на простата.
Пулпата на грејпфрутот содржи и глукарати, кои се корисни за превенција на рак на дојка.
Во жолтиот грејпфрут има нариненгин, фитосоединение кое може да ги заштити белите дробови од токсини, како загаден воздух и чад од цигари.
Практични совети
- Грејпфрутот повеќе е сочен на собна температура, не го чувајате во фрижидер.
- Со сок од грејпфрутот заменте го лимонот или оцедот во преливите на салата.
- Не мешајте грејпфрут и лекови. Доколку ги земате препишаните лекови ,внимавајте колку грејпфрут внесувате или посоветувајте се со својот лекар или фармацевт.
Божана Ќулавкова