Велешанец лишен од слобода поради пронајдена прашкаста материја
Објавено: 8 ноември, 2021, во 10:31 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 7 ноември, во 03:30 часот, го лишеле од слобода триесет и осум годишниот Е.Ќ од Велес. Кај него била пронајдена прашкаста материја.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

