ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа ќе бидат завршени денеска или утре
Објавено на 1 декември, 2021 во 13:13
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија, по што, како што рече, ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.
– Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче.