Почина жена од Ковид-19 во велешка болница од вкупно 26 пациенти на лекување
Објавено на 5 декември, 2021 во 16:47
Жената почина на 73 годишна возраст по само два часа откако била примена на болничко лекување. Таа имала повеќе коморбидитети како висок крвен притисок, хрончна белодробна болест и ДМ. Освен неа денеска е примен уште еден пациент на болничко лекување.
Дваесет и двајца од пациентите се згрижени на Инфективно и четворица на Интерно Б оддел. Од нив позитивни се 18 пациенти додека за еден се чека резултат од тест. На кислородна поддршка се 10 пациенти.
Помеѓу болните има и седум негативни пациенти.
Убавка Јаневска