Починати двајца ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 14 јануари, 2022 во 12:03
Маж на осумдесет и четири годишна возраст од Велес и маж на осумдесет годишна возраст од Свети Николе ја изгубија битката со Ковид-19.
Денеска во велешка болница хоспитализирани се 27 пациенти од кои 18 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 22 пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се шест пациенти.
Во изминатите 24 часа во болница примени се пет пациенти од кои двајца се пренесени од Интерно одделение и од болничко лекување испишани се двајца пациенти.
Стефани Манева