Во СВР Велес пријавени две каснувања од бездомни кучиња
Објавено на 18 јануари, 2022 во 11:15
Во Полициска станица Велес во текот на вчерашниот ден, биле пријавени две каснувања од бездомни кучиња.
Четириесет и четири годишниот С.Ц пријавил дека претходниот ден, 16 јануари, околу 16:30 часот на улица „Лазо Осмаков“ во Велес, неговиот малолетен син бил каснат од бездомно куче.
Исто така, дваесет и шест годишниот А.Х од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека околу 11:30 часот во село Горно Оризари, во близина на гробиштата бил каснат од бездомно куче.
Стефани Манева