Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, организацијата ја презеде Би-Би-Си

Објавено на 26 јули, 2022 во 11:23

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) потврди дека Изборот за песна на Евровизија во 2023 година ќе се одржи во Обединетото Кралство.

По одлуката дека, за жал, настанот следната година не може да се одржи во Украина поради безбедносни причини, ЕБУ истражи голем број преостанати опции.

Како резултат на дискусиите, ЕБУ одлучи второпласираниот на натпреварот во 2022 година да биде домаќин на 67-иот Избор за песна на Евровизија.

„Исклучително сме благодарни што Би-Би-Си се согласи да биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија во Обединетото Кралство во 2023 година“, рече Мартин Остердал, извршен супервизор на Изборот за песна на Евровизија.

„Продолжувајќи ја оваа традиција на солидарност, знаеме дека натпреварот следната година ќе ја покаже креативноста и вештината на еден од најискусните европски јавни радиодифузери, Би-Би-Си, додека овогодинешните победници, Украина, ќе бидат прославени и претставени во текот на целиот настан“, се вели во соопштението.

Засега се уште не е познато во кој британски град ќе се одржи натпреварот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.