10 општински институции во Кавадарци струја добиваат од сонцето (видео)

Објавено на 18 август, 2022 во 14:17

Општина Кавадарци  целосно ја заврши првата фаза од проектот за инсталација на фотонапонски панели на десет јавни институции. Градоначалникот Митко Јанчев на денешната прес конференција истакна дека се работи за доста значаен проект,  инвестиција ќе биде вратена за една година, а јавните установи ќе добиваат електрична енергија од сонцето и ќе имаат заштеди, бидејќи струја набавуваат на слободен пазар и истата е со доста високи цени.

Панели за производство на струја од обновливи извори на енергија ќе се поставуваат и на други општински институции.

-Проектот е одржлив и носи голем бенефит, големи заштеди на струја што е мошне значајно во овој период не економска и енергетска криза“ вели градоначалникот Јанчев.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.