Битиќи: Сега го гледаме резултатот од 30 години неинвестирање во енергетскиот сектор
„Ние за жал спиевме 30 години на еден извор на гас и еве го резултатот. За жал, поради тоа сме ранливи. Мора да се диверзифицираме. Тоа е начинот за справување и со кризи, но и за развој“ изјави вицепремиерот за еконмски прашања Фатмир Битиќи во „Вин-вин“ на Телма.
Тој додаде дека се разговара со Србија, Грција, Турција, Бугарија и дека ќе се разговара и со други земји за да се диверзифицираат изворите на ресурси и електрична енргија.
„Стопанството кое добива електрична енергија добива од слободен пазар има потреба од околу 320 мегават часови. Таму се сите, но не сите ќе имаат потреба ние да ја обезбедиме струјата. Има одредени компании кои имаат сигурни договори до крајот на годината, кои не сакаат или не можат да ги раскинат“ кажа Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека на земјава исто така ѝ недостасува и поврзаност со соседните земји за носење на електрична енергија.
„Зошто имаме ваква лоша поврзаност во 2022 година? Зошто 30 години не се развиле прекуграничните капацитети, туку во 2018 година донесовме одлука за далновод со Албанија? Од 2018 граничиме со Албанија? Ова се причинско-последичните поврзаности за кои зборуваме само во криза“ рече Битиќи.