Превентивна активност „Безбедност на децата во сообраќајот“ реализирана во Кавадарци
Објавено: 26 октомври, 2022, во 11:59 часот
Полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во детска градинка „Рада Поцева“ поточно клон „Снежана“ реализираа превентивна активност на тема „Безбедност на децата во сообраќајот“.
Дечињата учеле за безбедно преминување на пешачки премин, поточно на кои места треба да се помине сообраќајницата и почитување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Полициските службеници со помош на соодветен видео материјал им презентирале основни правила и прописи во сообраќајот за осигурање на нивната безбедност со посебен акцент кон улогата на пешачкиот премин.
Стефани Манева


