Намален криминалитетот на подрачјето на ОВР Кавадарци за последното тромесечје
Објавено на 22 ноември, 2022 во 12:10
Во последното тримесечје или за месеците јули, август и септември, ОВР Кавадарци бележи тренд на намалување на криминалитетот, споредбено со истиот период во 2021 година. Притоа, вкупниот број на регистрирани кривични дела за подрачјето на ОВР Кавадарци за периодот од тековната 2022 година е 77, додека лани нивниот број изнесувал 120, односно е забележано намалување за 35,8% во однос на истиот период од минатата година.
- Од погоре наведениот број на кривични дела, 70 го опфаќаат класичниот криминалитет во 2022 година, а нивниот број за периодот лани во 2021 година е 103.односно намалување за 32 % во однос на истиот период од минатата година. . Во поглед на кривичните дела кои спаѓаат во доменот на недозволена трговија регистрирани се 3 кривични дела во 2022 година, а во 2021 година 4 кривични дела – вели портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тренд на намалување се бележи и кај прекршоци за кои се примени пријави против јавниот ред и мир и тие, за перид од тромесечјето јули, август и септември, оваа година 2022 се 25, а за 2021 биле 35. односно намалување за 28,6% во однос на истиот период од минатата година.
- „Што се однесува до сообраќајот во 2022 година, на подрачјето на ОВР Кавадарци за истиот период оваа година регистрирани се 21 сообраќајна незгода со потешки последици, додека во 2021 година регистрирани се вкупно 29 сообраќајни незгоди со потешки последици, што е значителен тренд на намалување, односно за 27.6% во однос на истиот период од минатата година“ додава портпаролот на СВР Велес.
Ангел Данов