Kлиматските промени во С.Македонија – „Борба со ветерници“ (фото, аудио и видео)

Објавено на 30 јануари, 2023 во 13:54

Очи во очи со торнадо. Првично вчудоневиденост, а потоа паника и особено страв му го спасија живототот на кавадаречкиот музичар Мемет Дивјачев, на 16 август, 2022 година кога  на патот Неготино – Штип, кај местото Лакавица се соочи со дотогаш невидена глетка. Дивјачев, за прв пат, јавно сведочи за случката. И не сокри дека не ни знаел што гледа во критичните неколку минути. 

Видео: Изјава на Мемет Дивјачев

Соочен со чудо од една и страв од друга страна Дивјачев успеал за кратко време да се совземе. Додека морници му го полазиле телото, човечкиот инстикт го натерал да бега и тоа најбрзо што може од Лакавица. Го послужила и среќа.

„Вечерта сфативме дека токму стравот не спаси. Ако не беше така, кој знае дали ќе останевме живи“, рече Дивјачев.

Фото: Последици од невремето во Неготино

Тоа со што овој граѓанин директно се соочи така не го прикажаа во официјалните извештаи надлежните институции во С.Македонија. Тие во дневниот временски извештај не објавија дека во Неготинско – кавадаречкиот регион се појави мало торнадо туку дека овој дел од државата погоден е од невреме со силен интензитет. „Како последица на силниот ветер откорнати се покриви на згради, на куќи, на објекти како и дрвја паднати врз автомобили. Невремето во градовите Неготино и Кавадарци проследено со обилни количества на наврнат дожд поплавија улици, подруми и приземни делови на објекти“, гласеше официјалната информација. За разлика од неа граѓани сведочеа и за дотечени суводолици со вода од чии енормни количини беа покриени стотици хектари со лозови насади. Во општина Неготино поднесени се 591 граѓански барања за надомест на штета од државата, како резултат на последица од временската непогода.

Всушност надлежните институциите информираа за последиците на денот, 16 август 2022 година, но не и за причината. Неа ја имаше само во јавно прикажаното видео на Дивјачев, на фејсбук, кое што за еден час го видоа неколку стотици граѓани. Постот постигна рекордни 23 илјади прегледи. Тогаш, збунети и исплашени, граѓаните прашуваа: „ Што се случи кај Лакавица?“. Државните институции и експертите молчеа. Зборот „торнадо“ никој не го спомнаа.

Четириесет и пед дена претходно, на крајот од месец јуни, во струмичкиот регион, со 8.200 хектари обработлива површина и 7.400 активни земјоделски стопанства, се случи слична временска непогода. Овој дел на државата ги храни македонските граѓани со зеленчук. И токму таму, во најпогодените општини, Василево и Босилево, се наоѓаа 5,5 хектари под пластеници со засадени градинарски култури на дипломираниот земјоделски инжинер Дени Трајков. Тој со семејството живеат во селото Сарај. Неговата изјава, исто така, е морничава. Особено при описот на чувството што го имал додека пред себе го гледал уништувањето на пластениците и на родот. Трајков глетката ја нарече „донкихотска борба со ветерници“.

Катастрофа. Тоа е единствениот збор кој ја опшишува состојбата. За прв пат во моите 37 години гледав како се измешаа темнина и светлина на небото и како се спуштија над фолиите со зеленчук. Ветер со брзина од над 200 км/час го кинеше полиетиленското платно а потоа ги корнеше од земја железните профили, ги дигаше во воздух и ги носеше. Од небото дожд се истураше како од крбла. Водата паѓаше врз засадените домати, пиперки, најпознатите македонски „ајварки“, моркови, марули и зелка. Уништени беа нивите со лубеници и со дињи. А јас ништо не можев да сторам и да спасам,“ рече Трајков кој констатираше дека половина час по невремето глетката била поразителна, како за него така и за стотици други земјоделци.

Фото: Дени Трајков пред фолиите во село Сарај, општина Босилево

„Три години се бориме со невреме од ваков обем. Секоја година иста состојба. Уништен род до корен. И не само по еднаш туку се повторорува по два, по три пати годишно. Исклучиво во лето. Немоќен си да спречиш, затоа велам дека тоа е како борба со ветерници,“ додаде Трајков.

Ова земјоделско семејство на крајот на сезоната, набра и продаде род во неполни два, што споредено со 2018 година, помалку е за 1,5 камиони шлепери. За Трајкови тоа е голема загуба. И за останатите земјоделци. Тие ги пријавија штетите. Оштета се уште не добиле.

Државата дури годинава успеа да ги исплати штетите од невремињата во изминатата деценија, заклучно со 2021 година. Оваа пракса во С.Македонија од една страна демотивирачка е за земјоделците додека од друга страна резултатот е се помали произведени количини зеленчук.  Како за потребите на граѓаните дома така и за пазарите во поранешните држави на Југославија поточно Западен балкан.

Трајков, чии стручни компетенции го поттикнале самостојно да ги анализира временските непогоди и да дојде до резултати за кои причинителот го гледа во климатските промени вели дека се е последица на загадувањето на воздухот во југоисточниот дел на С.Македонија. Тамошните државни мерни станици за квалитет на воздухот, во последните три години, мерат концентрации на SO2, ПМ 10 и ПМ 2,5  во вредности и до три пати повисоки од максимално дозволените граници.

Затоа овие македонски земјоделците јавно прашаа постои ли во државата софистициран систем за заштита коишто навреме би регистрирал, информирал и заштитувал човечки животи, објекти и почва од торнада или временски промени од вакви размери.

С.Македонија три години ја крстарат мали торнада и зад себе оставаат пустош

На новинарите прашања со какви временски промени се соочува државата и на што се должат, до сега, единствено и конкретно одговара самостојниот дипломиран метеоролог Славчо Поповски.

Видео: Славчо Поповски – изјава за Дума.мк

Снимените видео материјали на жителите во битолското село Живојно за прв пат до државата јавно прикажаа мало торнадо. Тоа се случи на 12 јули 2021 година. За среќа немаше фатални последици по животот на граѓаните но нанесе огромни материјалните штети на нивните имоти и нивите со жито. Географската местоположба на Живојно е во најголемата житница во југозападниот дел на државата, во Пелагонија.

Видео: Мало торнадо во село Живојно, општина Битола

Доколку туристи јавно не споделеа на социјалните мрежи, граѓаните во С.Македонија немаше да дознаат дека се појави и водна пијавица. Таа се случи во Охридско Езеро, минатата година, во месец јули, во екот на туристичката сезона. Охрид е најголемото туристичко место во државата а пијавицата ја разбранува езерската површина на потегот помеѓу Лагадин и Пештани додека беа преполни со домашни и со странски гости. Видеото откри како водата се крева од езерото во вид на вртлог кој крстари и превртува чамци. За среќа без луѓе во нив.

Според Европската лабораторија за силни бури и локалните метеоролошки агенции, во 2022 година, во Европа има 214 потврдени торнада. Земјите кои не се наведени во оваа табела не ги пријавиле појавените торнада. Меѓу нив е и С. Македонија.

Двата радари на УХМР не ги регистрираа торнадата и пијавиците

По половина година од последното или по година ипол од првото торнадо, од државната Управа за хидрометеоролошки работи, не одговорија конкретно на новинарските прашања дали метеролошките радари ги регистрираат малите торнада и пијавици, како што пак ни појаснија на што се должат ваквите временски промени.

Фото: Управа за хидрометеоролошки работи

„Тие се резултат на зачестени бурни процеси во атмосферата, во која се  зголемуваат количества на топлина и на енергија, дополнително оптеретена од глобалното затоплување. Токму овие процеси ги создаваат вертикалните вртлози и се резултат на облаци во атмосферата, на висина и до 15 км, додека нивна последица се силни ветрови и грмотевици, обилните врнежи, појава на град, на мали торнада и на водени пијавици“, објаснија метеролозите и хидролозите на државната институција.

Ваквите временски промени, кои што не се карактеристични за македонското поднебје, можат да ги детектираат метеролошките радари со вградени софтвери „ASU MRL“ особено квалитетни за анализа на облаци и противградна заштита, додаде директорот на оваа државна установа. Ивица Трајковски, појасни дека последното осовременување на двата радари, поставени на локациите Ѓуриште и Тополчани, направени се во 2018 година. Тогаш биле заменети теретроните и применето било електронско бајпасирање.

„Оперативни се два радари кои се од постарите генерации и се прават напори за нивно одржување и евентуална набака на нов радар,“ соопшти Трајковски.

УХМР применила модернизација во одбрана од временска непогода град, со метода на авионско засејување на облаци, која дала успешност од 80%, во изминатите три години. Трајковски не крие дека за УХМР сега главни се финансискиот предизвик, справувањето со проблемот на квалификувана работна сила потенцирајќи ја потребата од ангажирање на ИТ инжинери.

Фото: Управа за хидрометеоролошки работи

„УХМР се соочува со бројни предизвици, пред се’ финансиски, но исто така и во делот на технички и човечки капацитети. Особено горливо е прашањето со недостатокот на млади стручни кадри, со оглед дека огромен број од дипломираните метеоролози и хидролози во последниве години заминуваат во пензија. Исто така, има голем недостатокот на експерти од областа на информатичката технологија поради тоа што за овој профил на пазарот на труд постојат многу поатрактивни приходи. Што се однесува до опремата, класичниот мониторинг систем постојано се надградува, заменува со автоматизиран. Прогностичкиот Центар има воспоставени протоколи и врска со Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза и други светски центри“, напиша Тодоровски во одговорот на новинарското прашање. 

Сепак радарите во С. Македонија не се вклучени постојано, поточно не се во функција 24 часа.   Додека сомнежите на експертите се дека можеби затоа не ги уловиле малите торнада и пијавицата, од УХМР званичниот став гласи дека не е потребно деноноќно да работат со оглед на софтверите и компјутерските програми кои ги користат метеоролозите и хидролозите во секојдневната работа и се усогласени со стандардите на Европскиот центар за среднорочна прогноза. Проблемите што институцијата ги имала со обезбедување на делови при нивното сервисирање успевала да ги надмине.

За граѓаните сепак остана нејасно зошто радарите не се заменат со нови ако веќе одработиле цели пет децении?!

Фото: Интервју со Насер Нуредини

Насер Нуредини, се обиде да ја расчисти дилемата. Тој е дециден дека појавата на конкретните временски непогоди во државата, се директна последица на ниската јавна свест за заштита на природата но и на се што требала и досега не сторила државата. Додаде дека се последица и на климатските промени преку непредвидливи временски непогоди и не само во С.Македонија туку и на глобално ниво. Констатирајќи дека со ваквите временски појави не успевале да се справат ниту далеку поразвиени земји, министерот, смета дека решенијата не би можеле да бидат дел од Законот за климатски промени туку од истоимена државна Стратегија, со примена на најдобри европски и светски практики. Една од најзначајните, за земјоделците, би била помош за осигурување на обработливата почва додека за граѓаните, осовременување и модернизација на работата на УХМР.   

Видео: Интервју со Насер Нуредини

Научната фела во С.Македонија разви алатка „NOTHAS“, за детекција на невреме од посериозни размери, сега развива веб страна а потоа и мобилна апликација

Фото: Научен труд на експертскиот тим објавен на Springer

И додека државта ја предочува светската економска криза како сериозен проблем во справувањето со последиците од климатските промени, експерти без државна финансиска помош  создадоа алатка за откривање на невреме со сериозни размери. Алатката „NOTHAS“ е систем за детекција на невреме, на сериозни временски промени, конфигуриран за четири домени, кои покриваат различни области со различна хоризонтална резолуција: Европа (27-км), југ-ист Европа (9-км), БиХ (3-км) и Македонија (3-км). Системот е дизајниран и покажа потенцијални предности во однос на претходните системи за предупредување. Тоа главно се однесува на намалување на неизвесностите во предвидувањата со преземање на дадениот час со максимален сигнал за појава на невреме во локални размери.

Алатката ја создаде тим предводен од проф. д-р Владо Спиридонов од Институт за физика на ПМФ заедно со проф. д-р Боро Јакимовски декан на ФИНКИ во соработка со проф.  д-р Младен Чурич од Институтот за метеорологија во Белград, доајен во метеорологијата. Поточно овие експерти се автори на научен труд „Novel Thunderstorm Alert System“ издаден од издавачка куќа SpringerLink.com. За една година научниот труд има 25 илјади прегледи и 21.000 симнувања. Алатката тестирана е и за детектирање на ураганите Јан на Флорида, за поплавата во Њу Јорк, тајфунот на Филипините, Индонезија, Тајланд и Виетнам. Резултатите во реално време се точни.

Сега млади талентирани студенти на ФИНКИ под водство на деканот Боро Јакимовски ја подготвуваат веб страната додека наскоро се очекува да развијат и мобилна апликација. Целта е граѓаните да ја симнат и да добиват, неколку часови предвреме, информации каде, на која локација, може да се појави нестабилност од ниво три, поточно можност од грмотевични облаци, пороен дожд, силен ветер со цел да избегнат ризици.

Македонскиот Нацрт Закон за климатски промени прикачен на „ЕНЕР“

Фото: Единствениот национален електронски регистер на прописи на С.Македонија „ЕНЕР“

С.Македонија има долгорочни стратегии за климатски промени и за енергетика, ревидирани таргети на национален придонес кон Парискиот договор со кој се обврза да ги намали емисиите на стакленички гасови на 52%  до 2030 година. Нуредини смета дека државата во споредба со останатите во Западен Балкан покажала најголема амбициозност и најсериозен пристап. Како дополнителен пример ја посочи и донесената Стратегија за енергетика во која е предвидена модернизација на македонската економија особено во производство на електрична енергија.

Видео: Изјава на Насер Нуредини

Министерстовото смета дека сторило сериозни исчекори со утврдените приоритети за   подигнување на нови површини со шуми, сузбивање на неконтролирана сеча на дрвја, воведување на зелена економија како одржлива инвестиција, на фонд за биоразградливи ќеси како дел од инвестиции за разградлив отпад, носење на Закон за води и воведување на надоместок регулиран преку Фонд како и на надоместок за стакленички гасови, директна обврската кон ЕУ. 

Фото: Горјан Јовановски – „Зелен хуман град“

Но, од граѓанскиот еколошки сектор тврдат дека ни дознале ниту државата ги вклучила во подготовката на Законот за климатски промени. Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ не е зачуден, како што вели, затоа што во услови кога не работат дел од државните мерни станици и не можат да добијат податоци за загаденоста на воздухот чудно би било да добијат покана за учество во подготовка на закон.

И додека министерствата меѓусебно и особено со граѓанскиот сектор ги усогласат ставовите  најоптимистички гледано С.Македонија Законот за климатски промени ќе го донесе во втората половина на 2023 година. За сите нив, мора да биде поттик преживеаната траума од торнадото кај Лакавица на граѓанинот Мемет Дивјачев која гласи:  „Вечерта сфативме дека токму стравот не спаси. Ако не беше така, кој знае дали ќе останевме живи.“

Убавка Јаневска

“Овој материјал е објавен во рамките на проектот „Going Environmental“ управуван од n-ost и БИРН и финансиран од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ). BMZ во никој случај не е одговорен за информациите или гледиштата изразени во рамките на проектот“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด