Се повеќе германски пензионери добиваат социјална помош
Се повеќе пензионери во Германија бараат помош од социјалните служби бидејќи нивните пензии не се доволни за покривање на животните трошоци.
Во септември 2022 година, бројот на пензионери кои добиле пари од програмата за осигурување на основните финансиски средства се зголемил за 12 отсто во однос на септември 2021 година, пишува Дојче веле.
Според досега необјавените информации на Федералниот завод за статистика, кои беа ставени на располагање на пратеничката група на Левица во Бундестагот, во септември минатата година ваква форма на државна помош добиле 674.515 пензионери.
Од статистиката може да се види дека бројот на барања се зголемил во текот на летните месеци кога најмногу почнале да се чувствуваат ефектите од инфлацијата.
Правото на оваа форма на парична помош го имаат сите пензионери во Германија чии вкупни месечни примања се помали од 924 евра, додека помошта за финансирање на животните трошоци изнесува 449 евра.
Дума.мк