Велешани вечерва го посетуваат манастирот „Свети Димитрија“, утре го чествуваат Источен петок Балаклија

Објавено на 20 април, 2023 во 14:12
Фото: Архива на Дума.мк

Вековна трација е во Велес првиот четврток по празникот Велигден да се посетува најстариот духовен храм во градот, поточно манастирот „Свети Димитрија“. Посетата започнува вечерва, поточно ноќта пред празникот Балаклија и завршува утре дента на пладне.

Голем број на велешани, патот до манастирот којшто е оддалечен три километри од градот го поминуваат пеш, а како најкратка пешачка дестинација е од Стар мост па се до влезната капија на верскиот објект.

Фото: Архива на Дума.мк

При посетата на манастирот, велешани ги посетуваат и околните цркви, поточно, „Света Петка“, „Свети Никола“, „Света Недела“ и „Света Ана“ и палат свеќи за здравје и среќа. Во посета на манастирот доаѓаат и многу гости од останатите градови во државата.

Фото: Архива на Дума.мк

Инаку, „Свети Димитрија“  се наоѓа во градот, на јужниот излез,  еднаш изграден и пет века затрупан за да биде спасен од Османлиите а потоа на темелите на стариот во 1820 година повторно бил изграден нов објект.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License