МТСП незаконски ги одзело ингиренциите за избор на Управен одбор на велешката градинка, тврдат Колев и Љутков

Објавено на 9 мај, 2023 во 15:42

Одземените ингиренции за избор и именување на нови членови во Управен одбор на градинката  “Димче Мирчев“ од Совет и од Градоначалник на Општина Велес од страна на Министерството за труд и социјална политика се незаконски сметаат градоначалникот Марко Колев и претседателот Зоран Љутков. Според нив државната институција не може да одземе ингиренции на градоначалник за одлука што ја носи Совет на општина.

-Ние ќе реагираме на оваа постапка. И на крајот во Одлуката, министерството има ставено една чудна реченица дека ингеренциите се одземаат најдоцна во рок до една година. Не е јасно на колку време нам ни се одземени ингеренциите. Јас сакам само да им порачам една многу значајна работа дека Општинската организација на СДСМ во моментов не работи во интерес на граѓаните на општина Велес,апсолутно работи за личниот партиски интерес, рече Љутков.

Тој пдодаде дека ваквата реакција уследила откако Советот на општината го разгледал извештајот и финансискиот извештај за работата на ОУЈДГ„Димче Мирчев“ за минатата година кога кај дел од советниците се појавил сомнеж за малверзации во тендерските постапки на локалната установа. Поточно не биле избирани фирми кои нуделе најниска цена за лебот, јогуртот или компјутерската опрема.

Градоначалникот го прозва Министерството за труд и социјална политика и го впери прстот во министерката Јована Тренчевска порачувајќи дека лесно било да се одземат ингеренциите на еден градоначалник додека потешко да се изградат градинки во Велес, во Оризари, во Превалец, во Бузалково, во Отовица, во Башино Село и во Иванковци.

-Кога нема капитални објекти, развој, има одземање на ингиренции и политички игри. Сакам да упатам порака и апел до раководството на СДСМ кое не е раководство на СДСМ затоа што таму има луѓе од други политички партии кои во моментов го имаат узурпирано СДСМ да продолжат така со одзимање на ингиренции и праќање на инспекции. Граѓаните тоа го знаат, додаде Колев.

И тој и Љутков ја обвинија локалната опозиција и претседателката на СДСМ во Велес дека тие иницираат бројни инспекциски контроли во општината и ја кочат нејзината работа додека за функционирањето на Управниот одбор на градинката констатираа дека можел непречено да функционира и без целосен состав.

Исто така, Градоначалникот Колевоткри дека ова не е прво, туку второ одземање на негови надлежности. Првото се случило пред шест месеци од страна на Министерство за образование и се однесувало на именување на директор на ССОУ„Димитрија Чуповски“. Но ревизорскиот извештај покажал дека Општина Велес била во право.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.