Православен календар: Денеска се празнуваат Светите девет маченици во Кизик
Објавено на 12 мај, 2023 во 09:49
Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше љубовта Христова, не сакаа да им принесат жртви на идолите ниту да се одречат од Господа Исуса Христа, заради што беа жестоко мачени и најпосле убиени со меч. Во времето на царот Константин, во Кизик беше изграден храм во чест на овие маченици, а таму ги положија и нивните нетлени мошти.
Нивните имиња се: Теогниј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем, Магн, Теодот, Тавмасиј и Филимон. Презреа сè минливо заради вечното. Затоа Господ ги воведе во Своите вечни живеалишта и им даде венци на непропадлива слава. Чесно пострадаа и се прославија во 3 век.
Дума.мк