Проект за поголема пристапност низ Кавадарци на лицата со попреченост
Во Кавадарци се работи на проект за пристапност на лицата со попреченост до секој дел од градот. Во прва фаза целта на проектот е да се спуштат тротоарите на сите локации каде што е потребно. Да се дислоцираат бандерите кои го попречуваат движењето. Да се изврши проширување на тротоарите на некои локации каде што тоа е потребно. Проектот е идеја и ќе се реализира во соработка на службата Мој општинар и градоначалникот Митко Јанчев.
„Со реализација на оваа фаза, по што во втора е планирана и соработка со сите останати институции, односно да се овозможи соодветен пристап до сите институции каде што не е овозможено“ велат од локалната самоуправа.
Од општината појаснуваат дека по завршувањето на двете фази, проектот ќе се заокружи со изработка на мапа на градот со достапни места за сите лица со попреченост, која ќе биде достапна на официјалната страна на Општина Кавадарци.
Ангел Данов