Втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Објавено на 1 септември, 2023 во 13:24

Од денеска до 5 септември студентите кои го пропуштија првиот рок за плицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе можат да се пријават преку порталот Е-услуги.

По завршување на рокот за пријавување, кандидатите ќе добијат известување. Потоа, од Шпаркасе банка, како банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката, ќе бидат повикани да склучат договор за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопшти Министерството за образование и наука.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.

-Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите им се олеснува животот за време на студирањето. Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување здрава храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, наведува МОН.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.