„Пежо“ удри велешанец и тешко го повреди 

Објавено на 7 септември, 2023 во 13:34

Шеесет годишниот Т.Ч од Велес, вчера, околу 11:00 часот на улица „Илинденска“ во Велес бил удрен од патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од седум години повозрасниот велешанец П.К.

Портпаролот на Сектор за внатрешни работи Велес, Ристе Самарџиев, соопшти дека во сообраќајната незгода пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.